Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Петкоска: СДСМ и Филипче не ги читаат пораките од граѓаните и измислуваат теми како мигранти

Лидија Петкоска, пратеничка во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва гостуваше на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Лидија Петкоска, пратеничка во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва гостуваше на една од националните телевизии каде тема беа нелегални мигранти во земјава, наметната од политичката партија СДСМ, а за која СДСМ иницираше и онлајн петиција. ,,Во отсуство на креативност, во отсуство на волја за работа, се наметнува една имагинарна тема, а е нешто што не постои и за нешто што нема ниту еден солиден, аргументиран доказ“, рече Петкоска, се се посочува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Петкоска нагласи дека СДСМ, како и актуелниот лидер на партијата, Венко Филипче, континуирано не успеваат да ја разберат пораката што граѓаните јасно ја испраќаат, како на парламентарните избори минатата година, така и на локалните избори годинава, и според неа, тоа е порака која значи недоверба.

,,Венко Филипче и СДСМ, за жал никогаш не ја сфатија пораката од граѓаните и тоа им се удри од глава на два последователни изборни процеси“, истакна Петкоска.

Реклама

 Петкоска се осврна и на онлајн петицијата иницирана од СДСМ, при што потенцираше дека за истата биле потребни 47.897 потписи, додека пак ја поддржале само 2.103 граѓани. Според неа, овој податок претставува уште еден јасен сигнал за слабата поддршка и доверба што граѓаните ја имаат кон СДСМ и Венко Филипче.

,,Ова е уште една порака од граѓаните, дека не му веруваат на тезата дека ќе дојдат мигранти во Македонија“, кажа Петкоска.