Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Објавена публикацијата  „Учесници од Полог во македонско-одрински доброволни чети“ од авторот Сашко Николоски 

Во рамки на својата издавачката дејност Националната Установа „Музеј на тетовски крај“…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рамки на својата издавачката дејност Националната Установа „Музеј на тетовски крај“ ја објави книгата „Учесници од Полог во македонско-одрински доброволни чети“. Автор на оваа публикација е Сашко Николоски виш кустос во „Музеј на тетовски крај“. Тој во оваа публикација ги евидентира Македонците од Полошкиот регион кои биле мобилизирани во бугарската Армија за време на Балканските војни (1912-1913).

– По неуспешното Илинденско востание од 1903 година, голем дел од македонското население од економски причини започнало масовно да се иселува од Македонија во Бугарија каде се занимавале со различни дејности. Со избувнувањето на Балканските војни (1912-1913) година, македонскиот народ активно се вклучил во редовите на српската и бугарската војска за да придонесе и ослободи од повеќевековното Османлиско ропство. Доброволно се пријавиле илјадници Македонци кои се затекнале на печалба во Бугарија, верувајќи дека на тој начин конечно ќе се ослободи Македонија. Но, на македонските доброволци не им биле познати тајните освојувачки планови на буржоаските соседни Балкански влади за поделба и завладување на новоосвоените територии од Османлиската власт, вели авторот Николоски.

Во книгата се наведува дека најголем дел од овие мобилизирани Македонци имале воено искуство бидејќи учествувале во Илинденското востание и во многубројните четнички акции на ВМРО, но имало и многу млади лица – печалбари кои за првпат ракувале со оружје.

Реклама

– На 23-ти септември 1912 година со царски указ било формирано МО-ОП „Македонско – одринско ополчение” во рамките на Бугарската армија. За главен командант на Штабот бил поставен генерал – мајор Никола Генев. Негов помошник бил потполковник Александар Протогеров, а мајорот Петар Дрвингов е поставен за началник на Штабот. Биле формирани 15 дружини со вкупно 14.670 мобилизирани лица од кои 11.470 биле од Македонија, 1.215 од Одринска Тракија и 2.512 од Царството Бугарија. Доброволците биле снабдени со пушки специјално набавени од Виена, а за нив биле сошиени и посебни униформи и амблем, на кој бил прикажан исправен лав, кој во предните раце држи крст со тробојно знаме на кое пишувало „МО-ОП Македонско – одринско ополчение“, вели Николоски.

Мобилизираните Македонци од Полог кои биле во состав на бугарската армија се евидентирани по име, татково име и презиме, нивната возраст, место на раѓање и живеење, професија, образование, почетен и краен датум на служба, датум на повреда, датум и место на смртта и име на орденот со кое лицето е наградено. За дел од нив има и фотографии.

 Во одредени случаеви кога недостасува датумот на почетокот или крајот на службата пишува „непознато”. Сите податоци и датуми кои се напишани во регистарот на имиња на војниците од доброволните чети се со стар стил или разлика од 13 дена со новиот и актуелен календар.

Вкупниот број на доброволци од Полог изнесувал 330 лица, од кои 50 загинале, а останатите се водат како исчезнати или со непозната судбина. Со ордени и медали биле одликувани 53 војници.