Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Панова: ВМРО-ДПМНЕ со Резолуцијата става крај на манипулациите за мигрантите

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова истакна дека ВМРО-ДПМНЕ заедно со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова истакна дека ВМРО-ДПМНЕ заедно со пратениците од коалицијата поднеле резолуција во Собранието со која се осудуваат манипулациите и дезинформациите што опозицијата ги шири во врска со прашањето за мигрантите, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеничката Панова посочи дека СДСM, како обезличена и полураспадната партија без јасна визија и идеи, повторно отвора тема која е целосно немерлива и неоснована.

„Несфатливо како може СДСM да зборува за било какви црвени линии којшто тие ги прекршија всушност, тие распродадоа име, се согласија на сето тоа што не смееше една влада да се согласи, сега, од друга страна, поднесуваат некаква резолуција“, вели Панова.

Реклама

Панова нагласи дека со цел да се затвори оваа непостоечка, наметната тема за мигранти кои никогаш нема да пристигнат во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ заедно со пратениците од коалицијата поднеле Резолуција со повеќе јасни точки, со која се става крај на манипулациите и ширењето страв меѓу граѓаните.

„За да ја затвориме оваа непостоечка тема која што се отвори за мигранти, којшто никогаш нема да пристигнат во Македонија, ние денес поднесовме резолуција и во истата се состојат повеќе точки со којшто всушност сакаме да ја затвориме темата“, посочи Панова.

Панова истакна дека ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на заштита на државните интереси како и водење одговорна политика која е заснована на факти и транспарентност.