Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Засилени градежни активности за санација на локалните патишта во Општина Маврово и Ростуше

Со забрзана динамика се одвиваат градежни активности за санација на локалните патишта…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со забрзана динамика се одвиваат градежни активности за санација на локалните патишта во Општина Маврово и Ростуше, во што придонесуваат и поволните временски услови за овој период од годината.

Како што информираа од општината,  денеска повереникот за надлежности на градоначалник, Онер Јакупоски, изврши теренска обиколка на локациите каде што се одвиваат градежните работи за санација и асфалтирање на општинските локални патишта.

-Во тек е реализација на планот за подобрување на патната инфраструктура, со што се решаваат долгогодишни проблеми со оштетени и небезбедни делници. Активностите опфаќаат подготовка на подлогата, санација на критичните точки и завршно асфалтирање, со цел да се обезбеди трајно и квалитетно решение, наведуваат од општината 

Реклама

Јакупоски ја нагласил важноста на инвестирањето во инфраструктурата за безбедноста на граѓаните и непречен проток на сообраќајот.

-Овие градежни активности се наш приоритет. Работиме интензивно за што поскоро да ги завршиме сите планирани проекти и да им овозможиме на нашите граѓани безбедни и модерни локални патишта, изјави Јакупоски.

Додал дека ќе продолжат да ја следат динамиката на работите до нивното целосно завршување.