Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

Познато кој ќе настапи за Нова Година на плоштад „Македонија“, Скопје ќе живее во полн празничен ритам

Град Скопје од денеска свечено ја започнува новогодишната приказна со церемонија за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Град Скопје од денеска свечено ја започнува новогодишната приказна со церемонија за осветлување на Градот, поставувајќи темели на новата празнична традиција.

Денеска во 18 часот, на плоштад свечено ќе биде осветлена новогодишната елка и ќе започне божиќниот маркет со што симболично ќе се означи почетокот на празничните случувања во главниот град.

-Со оваа церемонија Скопје прави значаен чекор напред кон визијата да се развива рамо до рамо со современите европски градови, создавајќи настани кои носат позитивна енергија, заедништво и радост за сите наши генерации. Во периодот од 15 до 31 декември секојдневно од 18 часот, граѓаните и сите посетители ќе можат да уживаат во богата празнична програма со музички настапи, ди-џеј сетови, уметнички изведби и бројни изненадувања, истакна на денешната прес-конференција градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Реклама

Нагласи дека посебен акцент е ставен на децата и семејствата.

-За првпат Скопје континуирана и разновидна празнична програма за сите возрасти. Секој викенд од 12 до 14 часот содржините се целосно посветени на нашите најмали. Со анимации, креативни работилници, интерактивни активности и празнични изненадувања. Во вечерните часови програмата е наменета за младите и возрасните, создавајќи топла и жива празнична атмосфера. Централниот дел од новогодишната програма започнува на 27 декември во соработка со Државната видеолотарија, со доаѓањето на Дедо Мраз, празнични забави и награди за сите генерации, вели Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски нагласи дека од 27 до 31 декември Скопје ќе живее во полн празничен ритам, а ќе настапуваат македонски изведувачи. Дедо Мраз на градскиот плоиштад „Македонија“ ќе пристигне на 27 декември во 12 часот и ќе им подели пакетчиња на децата.

На новогодишната ноќ на плоштад „Македонија“ ќе настапат Каролина Гочева, Тамара Тодевска, Миле Кузмановски, Огнен Здравковски, Лара и Пајак, Два Бона, Куку Леле, Лина Пејовска..

Деталната програма ќе биде дополнително објавена.