Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Прилози

Раст на туризмот, бум во градежниот сектор

Повеќе туристи, повеќе странски гости и зголемена економска активност. Првите десет месеци…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Повеќе туристи, повеќе странски гости и зголемена економска активност. Првите десет месеци од годинава носат позитивни бројки за туризмот и градежниот сектор во Македонија.

Според официјалните податоци, вкупниот број туристи е зголемен за повеќе од 5 проценти, додека бројот на странски посетители бележи раст од околу 9 проценти. Во истиот период се регистрирани над три милиони ноќевања, што укажува на зголемен интерес за земјава како туристичка дестинација.

„Многу е важно дека мерките на владата во овие први 10 месеци резултираа со зголемен број на туристи и зголемен број на странски туристи. Зголемен број на туристи во првите 10 месеци е повеќе од 5% во вкупна бројка, а странските близу 9%. Очекувам на крајот на годината да имаме двоцифрен број во проценти раст и во бројот вкупен на туристи, но и кај странските туристи. Имаме некаде од прилика во првите 10 месеци околу 3 милиони регистрирани преноќувања што е добро и очекувам во периодот таа бројка да се зголемува. Активно ќе работиме и работиме веќе со активни политики бидејќи многу се важни, туристичкиот сектор е многу важен бидејќи прво е промоција за државата, за би рекол релативно мала и малкубројна држава како нашата. И второ тоа многу значи кеш пари во македонската економија. Така што ние ќе продолжиме и понатаму да ги поддржуваме овие политики.“– порача премиерот Христијан Мицкоски.

Реклама

Од Владата очекуваат позитивниот тренд во туризмот да продолжи и до крајот на годината, со дополнителен придонес кон економскиот раст и зголемен прилив на средства во домашната економија.

Покрај туризмот, позитивни движења се забележуваат и во градежниот сектор.

Во октомври годинава е регистриран значителен раст на бројот на издадени одобренија за градење, за повеќе од 20 проценти во споредба со истиот месец минатата година. Според надлежните, тоа укажува на зголемени инвестиции и поинтензивна градежна активност.

„А што се однесува до бројот на одобренија за градење, да тие во октомври месец имаат би рекол мини бум, некаде околу 22–23% е повеќе од октомври месец минатата година, што значи дека имаме повеќе инвестиции, имаме повеќе градба. И тоа е добро за БДП во четвртиот, последен квартал од годината, така што очекувам позитивни резултати на крајот од годината.“– изјави премиерот Мицкоски.

Растот во туризмот и градежништвото, според најавите, треба да даде позитивен импулс и во последниот квартал од годината. Од Владата порачуваат дека ќе продолжат со активни политики за поддршка на секторите кои носат економски раст и директна корист за македонската економија.