Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Андоновски: Преостануваат уште 100 билети за промотивниот настан „м.Услуги“, промоцијата ќе се одржи в четврток

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски ги повика граѓаните да аплицират за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски ги повика граѓаните да аплицират за билети за промотивниот настан на новата мобилната апликација „м.Услуги“. 

-Побрзајте и обезбедете го Вашето место. Аплицирајте на https://events.mdt.gov.mk/., објави Андоновски на својата Фејсбук страница.

Министерството за дигитална трансформација потсетува дека се преостанати уште само 100 билети за промотивниот настан на мобилната апликација „м.Услуги“, и додава дека бројот на местата е ограничен.

Реклама

Официјалната промоцијата на новата мобилн апликација „м.Услуги“ ќе се одржи на 28 октомври, в четврток, во Македонската филхармонија. 

Преку м.Услуги, граѓаните на едно место ќе можат да пристапуваат до личните документи во дигитална форма како и до електронските услуги на администрацијата. Целта е државните услуги да станат подостапни и поедноставни за користење, директно преку мобилен телефон.

Промоцијата на оваа апликација министерот ја најави минатиот месец, посочувајќи дека во неа ќе бидат достапни електронски верзии на личната карта и возачката дозвола, како и две електронски услуги за граѓаните. Андоновски тогаш посочи дека во изминатиот период интензивно се работело на прашањата поврзани со кибер-безбедноста, заштитата и начинот на чување на личните податоци, како и нивната размена со МВР, кое е сопственик на податоците.