Реклама

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Прилози

Дождот предизвика застој во есенската сеидба на житни култури

Обилните врнежи од дожд што ја зафатија земјата во изминатиот период, предизвикаа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Обилните врнежи од дожд што ја зафатија земјата во изминатиот период, предизвикаа застој во есенската сеидба на житни култури. Според проценките на Асоцијацијата  на земјоделци, околу 40% од планираните површини во штипско-овчеполскиот регион се уште не се посеани. Доколку соодветно не се интервенира, ова ќе значи и помали количини на жито наредната година, алрмираат агрономите.

„Од преголема количина на врнежи одредени подрачја беа зафатени и со поплави  ја отежнуват и ја пролонгират есенската сеидба. Секако тоа ќе се одрази врз крајниот момент, односно врз количините коишто треба да ги произведеме на државно ниво„ изјави проф.Мите Илиевски, од Земјоделскиот факултет, при УГД.

За да се минимизираат последиците, експертите советуваат земјоделците да се преориентираат кон садење на зимски и пролетни сорти на житни култури. Родот ќе биде помал, но сеидбата може да се спаси.

Реклама

„Производителите да си планираат во први моменти кога тоа ќе го дозволат временските услови  доколку имаат убав сертифициран семенски матрејал од одредени сорти кои се со вакви карактеристики, односно се со факултативни, односно со преодни својства да може да се сеат во зимскиот период и во пролетниот период, секако ќе може овие површини да се засеат со одредени сорти„ изјави проф.Мите Илиевски, од Земјоделскиот факултет, при УГД.

Годишно во просек македонските земјоделци, произведуваат околу 250.000тони пченица. Овие приноси не се доволни, па  за да се покријат основните потреби на населението, пченица увезуваме од странство.