Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Ѓорѓиевски: Град Скопје и годинава стои рамо до рамо со волонтерите како поддржувач и сојузник

И оваа година, Град Скопје стои рамо до рамо со волонтерите како…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

И оваа година, Град Скопје стои рамо до рамо со волонтерите како поддржувач, сојузник и активен учесник во создавањето на поодговорно, похумано и посолидарно општество, изјави денеска скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски во изјава за медиуми.

Ѓорѓиевски се приклучи на активностите по повод 5 декември – Светскиот ден на волонтерството, заедно со претседателот на Советот на Град Скопје, Даме Димитровски.

Како што информираа од неговиот кабинет, во соработка со Црвениот крст на Град Скопје, тие учествуваат во низа хуманитарни и социјални активности насочени кон поддршка на најранливите категории граѓани. 

Реклама

Од Град Скопје преку соопштение нагласија дека овој ден претставува силен потсетник за важноста од волонтерството и институционалната поддршка што таа благородна мисија ја заслужува.

– На 5 декември, целиот свет оддава признание на волонтерите, на сите оние кои несебично го даруваат своето време, енергија и добрина за да ги зајакнат нашите заедници. Овој ден е силен потсетник за важноста на волонтерството, но и повик до институциите и граѓаните да ги поддржат волонтерските организации и нивната хумана мисија, наведе градоначалникот.

Тој рече дека преку активности за поддршка на стари и изнемоштени лица, помош за ранливи категории како бездомните и лицата со попреченост, како и преку учество во хуманитарни иницијативи, испраќаат порака дека волонтерството е чест и привилегија.