Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

ЈКП „Стандард“ почна со распределба на канти наменети за собирање на мешан комунален отпад

Дебарското јавното комунално претпријатие „Стандрад“ почна со распределба, по населените места, на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дебарското јавното комунално претпријатие „Стандрад“ почна со распределба, по населените места, на пластични канти, наменети за собирање мешан комунален отпад.

-Почнавме со распределба на пластичите канти кои ги добивме неодамна и тоа најпрво по населените места, а потоа и во градот. Во селата Могорче и Горно Косоврасти доставени се по 100 канти, во Долно Косоврасти 130 во селата Џепиште и Отишани 150 канти. Приоритет се домаќинствата кои не поседуваат вакви канти, изјави за МИА директорот на претпријатието, Нертил Османи.

Првиот контингент од 2.542 канти, секоја со капацитет од 120 литри, претпријатието го доби на 18 ноември.

Реклама

-Ова претставува една од шесте клучни точки во проектот поддржан од Министерството за животна средина и просторно планирање, во соработка со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Швајцарската агенција за развој и соработка – SECO, како дел од Регионалната програма за управување со цврст отпад во Југозападниот плански регион. Ова е само првиот чекор кон нашата цел – да го направиме Дебар еден од најчистите општини, рече при приемот градоначалникот Фисник Меља.

Претставниците на месните заедници на споменатите села изразија благодарност и надеж дека „овој чекор ќе биде поттик за сите за почиста и поуредна средина“ и апелираа „заедно да продолжат да градат почисто и поубаво место за живеење“.

ЈКП „Стандрад“ освен што се грижи за комуналната хигиена во градот и населените места, стопанисува и со водоводот Росоки-Дебар, од каде со вода за пиење се снабдува градот Дебар, селата Рајчица и Долно Косоврасти, како и дел од општина Центар Жупа, преку кралот кој се издвојува кај Мелнички Мост.