Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

СДСМ: Обвинителството да постапи за скандалот од 9 милиони евра

Од овде, пред Јавното обвинителство бараме да постапи за големиот корупциски скандал…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од овде, пред Јавното обвинителство бараме да постапи за големиот корупциски скандал со тендери од речиси 9 милиони евра, доделени на фирма со само двајца вработени, стои во соопштението од Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ).

Јавно и детално, пред граѓаните, со факти и докази веќе ја презентиравме целата корупциска шема.

Сите докази се јавно достапни, објавени, проверливи и повеќе од доволни за старт на истрага.

Реклама

Поднесовме и пријава до Државната комисија за спречување на коруцпија.

Јавното обвинителство не смее да молчи туку да делува. Крадењето на народот преку корупциски шеми за пумпање на парите мора да запре и да следува одговорност.

Станува збор за 9 милиони евра пари на граѓаните кои треба да завршат кај граѓаните а не по џебовите на врхушхата на власт и во Белата палата.

Почитувани, власта на големо спроведува грабеж преку шема за испумпување на народните пари.

Ова се истите шеми на Никола Груевски и Сашо Мијалков, со кои се испумпаа 2 милијарди евра пари на граѓаните. 

Мицкоски само го продолжува тоа што го научил од неговите учители.

Исти ликови исти шеми. Иста банда!

СДСМ ја започна борбата против корупцијата и криминалот на власта и продолжуваме. Нема да застанеме. 

Работата се уште не е завршена.