Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Предлог-среднорочната програма за стоковните резерви го помина комисискиот филтер

Членовите на собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска дадоа поддршка и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Членовите на собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска дадоа поддршка и го проследија на натамошна собраниска процедура Предлогот на среднорочната програма за формирање, чување, обновување и користење на стоковните резерви за период 2026 – 2030 година.

Заменик-министерот за финансии, Николче Јанкуловски при образложувањето истакна дека со Среднорочната програма за формирање, чување, обновување и користење на стоковните резерви за период 2026 – 2030 година, се планира зголемување на постојните стоки во стоковните резерви кои се опфатени со Законот за стоковни резерви, до ниво кое ќе обезбеди покриеност на потрошувачката за пченица (меркантилна) за минимум 120 дена, пченка (добиточна) за минимум 30 дена, јачмен (добиточен) за минимум 60 дена, ориз за минимум 60 дена, готварска сол (прехранбена) за минимум 60 дена, масло за јадење за минимум 60 дена, моторен бензин Еуросупер БС 95, Еуродизел БС (Д-Е V), Екстра лесно ЕЛ-1 и мазут М-1 НС за минимум 5 дена.

-Со наведената Програма се овозможува дел од стоковните резерви на меркантилна пченица, оризова арпа и сурово сончогледово масло, заради можноста за брза интервенција од стоковните резерви, да се чуваат во вид на брашно Т-500, ориз, како и рафинирано масло за јадење, рече Јанкуловски.

Реклама

Заменик-министерот Јанкуловски информира дека при пресметка на деновите на покриеност на потрошувачката, во предвид се земени податоците на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за потребни количини на одделни земјоделско-прехрамбени производи во земјава и податоците за реализираната потрошувачка на нафтени деривати во Македонија добиени од Државниот завод за статистика или Енергетскиот биланс на Македонија.