Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Програма за волонтирање во Собранието – младите сакаат да бидат дел од демократските институции

Собранието е отворено за младите и за нови идеи, порача претседателот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собранието е отворено за младите и за нови идеи, порача претседателот на Собранието Африм Гаши на свеченото отворање на Волонтерската програма за 2025 година, што денеска се одржа во законодавниот дом. Програмата им овозможува на младите да се запознаат одблиску со работата на Собранието и да стекнат практично искуство во институцијата.

Гаши истакна дека визијата од првиот ден на неговиот мандат е Собранието да биде достапно за граѓаните, особено за младите.

-Првата група волонтери беше многу успешна, 20 луѓе работеа во различни сектори и стекнаа извонредно искуство, а еден од нив веќе е вработен во Собранието. Имате шанса да извлечете максимум и да работите во најважната институција во државата, потенцира Гаши, додавајќи дека службата на Собранието е една од најдобрите во државата.

Реклама
null

Генералната секретарка Марина Димовска нагласи дека волонтирањето е првиот чекор кон градење кариера.

-Ова е можност да се запознаете одблиску со работата на Собранието, со законодавната постапка и со суштинската улога на собраниската служба. Собранието е мојата пасија, уште од студентските денови започнав како волонтерка во 2009 година, а денес сум генерален секретар. Ова нека биде ваш поттик и охрабрување, рече Димовска.

За важноста на програмата и нејзиниот развој говореше заменик-амбасадорот на Обединетото Кралство, Даниел Фајлер, посочувајќи дека од непознат проект од минатата година, денеска станува трајна институционализирана можност за младите.

-Особено сум среќен што гледам како оваа иницијатива расте од ветувачки пилот-проект во трајна институционализирана можност за луѓе од цела Северна Македонија. Минатата година никој не знаеше како ќе се развива, а денес знаеме дека ги надмина очекувањата и тоа е фантастично, истакна Фајлер, додавајќи дека Обединетото Кралство е гордо што ја поддржа оваа иницијатива преку Фондацијата за демократија Вестминстер.

null

Директорката на Фондацијата за демократија „Вестминстер“, Дона Костуранова, нагласи дека програмата започнала со јасна визија да ги отвори вратите на највисоката демократска институција за младите луѓе. 

– Веруваме во младите како ангажирани и одговорни граѓани и во Собранието како професионална институција која работи за граѓаните. Бројните апликации се доказ дека младите сакаат да бидат дел од демократските институции и да придонесат, рече Костуранова, додавајќи дека придобивките се двострани, за младите можност да стекнат практично знаење и контакти, а за Собранието прилика да внесе нова енергија и да ја демонстрира својата отвореност.

Програмата за волонтирање во Собранието се реализира во соработка со Фондацијата за демократија „Вестминстер“ и со поддршка на Британската амбасада. Оваа година повторно се избрани 20 волонтери кои во наредните четири месеци ќе бидат дел од работата на Собранието.