Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Една третина од лицата со ХИВ во Македонија не се дијагностицирани

Зад секоја дијагноза, стои човек, но, за оние, кои живеат со ХИВ,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Зад секоја дијагноза, стои човек, но, за оние, кои живеат со ХИВ, најтешкото – не е вирусот, туку – осудата.. стигмата и дискриминацијата, продолжуваат да ги изолираат овие луѓе, оставајќи ги да се борат, не само за своето здравје, туку и за достоинство. Ваква судбина делат околу 700 луѓе во Македонија, од нив 30 проценти не се дијагностицирани. Од оние, пак, кај кои е потврден вирусот, 90 насто се на терапија и имаат успешен третман.

“Иако здравствените установи спроведуваат повеќе тестирања по број, сепак граѓанските организации се за некаде 12 пати поуспешни во дијагностицирањето на ХИВ позитивни.Податоците говорат дека граѓанските организации откриваат еден ХИВ позитивен случај на спроведени 150 тестирања.Додека пак здравствените институции евидентираат еден случај на направени 1.150 тестирања” велат од ХЕРА.

“Она што често го гледаме е дека кај младите има зголемена свесност за ХИВ.Тоа најчесто доаѓа преку културата, преку филмови исерии и на социјалните меидуми, а не на систематски начин” велат од Здружението “Заедно посилни”.

Реклама

Во моментов на Клиниката за инфективни болести во Скопје се лекуваат 459 пациенти, тие примаат редовна терапија која вклучува современи лекови согласно најновите препораки на СЗО.

Според податоците од ИЈЗ годинава во Македонија регистрирани се 38 случаи со ХИВ/СИДА, а осум луѓе починале. Повеќето од новите случаи се од Скопје, на возраст од 20 до 39 години. Годинава има 14 бебиња родени ХИВ негативни, иако некој од родителите им е со позитивен ХИВ статус.