Реклама

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Криминална група од Скопје пренасочила над два милиони евра од технички прегледи во приватни џебови – Голема полициска акција

Скопје ќе светне – пристигнаа новите комунални возила

Бугарски пасош како штит за правење криминал: И осудениот Михаилов тврди дека е невин

Македонија

Левица: ВМРО-ДПМНЕ го одби нашиот амандман за ин-витро ваучери

Во низата амандмани кон Предлог-Буџетот за 2026 година, Левица бараше да се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во низата амандмани кон Предлог-Буџетот за 2026 година, Левица бараше да се зголеми буџетската ставка за биомедицински потпомогнато оплодување за дополнителни пет милиони евра. Причината е едноставна – Македонија се соочува со пад на наталитетот, а една од причините е и здравствената дисфункција која спречува многу семејства да добијат свое дете. Во такви услови, програмата за ин-витро мора да биде засилена, а не оставена да запаѓа во бирократска летаргија, стои во соопштението на Левица. 

Пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, посочи дека и покрај тоа што Фондот за здравствено осигурување нуди ваучери, самите корисници и понатаму плаќаат речиси половина од целата процедура од свој џеб. Тоа ја поништува суштината на програмата и наместо вистинска поддршка, станува само делумна помош што за многу семејства е финансиски недостижна. Зголемувањето на средствата е првиот чекор кон поправичен и функционален систем, кој ќе им го олесни товарот и ќе им даде реална шанса на семејствата што најмногу ја чувствуваат оваа борба.

Сепак, владејачкото мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ без дебата, го одби и овој амандман. Наместо да изберат политика што навистина го поттикнува наталитетот, избраа да ги игнорираат реалните потреби на граѓаните и докажаа дека нивните грижи и мантри за наталитетот се само празни зборови или десничарски диктаторски чинови со коишто на граѓаните, без обезбедување на соодветни услови и можности, им наредуваат да имаат повеќе деца.