Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Обилните врнежи од дожд во источниот регион предизвикаа поплавување на простории и дворови во општина Чешиново – Облешево и околните села

Обилните врнежи од дожд кои деновиве го зафатија источниот регион од земјава,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Обилните врнежи од дожд кои деновиве го зафатија источниот регион од земјава, утрово предизвикаа поплавување на простории и дворови во повеќе објекти на различни локации во општина Чешиново – Облешево и околните села, соопшти директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Мухамед Али.

Според податоците добиени од градоначалникот на Општината, Далибор Ангелов, директорот на ЦУК информира дека локалната самоуправа е активно ангажирана на терен со сите расположливи ресурси.

– Во интервенциите учествуваат и ТППЕ Кочани, Водостопанство „Брегалница“ и РЦУК –  Кочани. Побарана е и дополнителна материјално-техничка поддршка, особено за испумпување вода од поплавените објекти, вели директорот на ЦУК.

Реклама

Али додава дека реките Брегалница и Кочанска река имаат значително зголемен водостој, додека на одредени локации во општините Штип и Чешиново – Облешево е забележано нивно излевање од коритата.

– Како последица на врнежите, утрово се појавија свлечишта на експресниот пат Радовиш – Штип и на патниот правец Злетово – брана Кнежево. За настаните од страна на ЦУК веднаш беше информирано ЈП Македонија пат, чии екипи излегоа на терен и интервенираа соодветно, наведува Али.

Тој додава дека е забележано лизгање на земјиште во село Липково, кај место викано Кисела Вода. За овој случај, вели, Општина Липково веќе информирала дека располага со ограничени ресурси за интервенции од ваков тип, поради што, побарала да се вклучат државните институции во санирање на свлечиштето.