Реклама

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Македонија

Петкоска: Измените на Кривичниот законик се силно поддржани од стручната јавност, граѓанскиот сектор и политичките чинители

-Почитуван заменик-министер, целата јавност внимателно ги следите најавените измени на Кривичниот законик,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

-Почитуван заменик-министер, целата јавност внимателно ги следите најавените измени на Кривичниот законик, со кои делото телесна повреда кога е извршено во контекст на семејно насилство ќе се гони по службена должност. Ова законска реформа е силно поддржана од стручната јавност, граѓанскиот сектор и политичките субјекти, а и сите статистики укажуваат на околноста од итно институционално дејствување, рече Лидија Петкоска пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната 71 седница во Собранието.

Петкоска постави прашање до заменик министерот за правда во врска со измените на Кривичниот законик, дали делото телесна повреда при семејно насилство ќе се гони по службена должност.

-Од Министерството за правда веќе беше соопштено дека измените се подготвени и дека треба да се официјализираат после локалните избори како дел од пошироката реформа на Кривичниот законик, во таа насока што конкретно да очекуваме од измените и до која фаза е процесот за конечно да се пристапи кон брза и ефикасна заштита на жртвите?, праша Петкоска.