Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Во 2026. очекувам сличен тренд во растот на платите, од девет до десет проценти, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од собраниската говорница одговорајќи на пратенички прашања изјави…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од собраниската говорница одговорајќи на пратенички прашања изјави дека очекува следната година да продолжи досегашниот тренд во растот на платите и тој да изнесува во просек меѓу девет и десет проценти. 

-Во буџетот се предвидени средства за сите оние буџетски корисници за коишто е предвидено зголемување согласно колективните договори, такви се во здравството, во образованието. Претпоставувам одредени колективни договори допрва ќе ги преговараме. И ние сакаме и гориме од желба да седнеме да ги преговараме, посебно во делот на администрацијата, административците кои цениме дека поради интересите на малкумина во синдикатот остануваат надвор од овој процес и одлучија да тераат политика наместо да ги бараат синдикалните права, изјави Мицкоски.

Тој додаде дека очекува и зголемување на продуктивноста, нешто коешто е исто така многу важно, посебно во делот на исплата на платите и смета дека таа во последнава година го сопрела трендот на намалување. 

Реклама

-Очекувам инфлацијата по ова зголемување во октомври коешто се должи на ниската основа, бидејќи лани во октомври имаше есенска кошничка, да продолжи трендот на намалување за ноември и за декември и на годишно ниво да ја завршиме отприлика оваа година на четири проценти, а веќе следната да се стабилизираме помеѓу два и три проценти. И мораме да водиме сметка за капацитетот на нашата економија, барем онаа формалната, додаде Мицкоски.

Премиерот истакна дека македонската економија во изминатите 24 години генерира добивка од околу 300 илјади денари по вработен, што е некаде отприлика бруто малку-повеќе од 400 евра по вработен.

-Да претпоставиме дека сопствениците на бизниси, дали се тоа поединци, дали е тоа друштво со ограничена одговорност или АД, ќе одлучат целата добивка да ја пренесат во личниот доход на вработените. Тогаш просечната бруто плата на сите вработени ќе се зголеми за не повеќе од 24 илјади денари бруто плата месечно или тоа би било нето од околу 16 илјади денари. Од сегашните нешто над 45 илјади, ќе дојдеме до 61 илјада денари, нешто над илјада евра. Тоа под услов сопствениците на бизниси да речат ние сега не сакаме добивка, целата добивка ќе ја пренесеме во бруто плата на вработените. Тоа е формалниот капацитет на нашата економија, рече Мицкоски.

Премиерот додаде дека ова за него е загрижувачки, затоа што, како што вели, ова е слаб потенцијал.

-Ние мораме да работиме за да го зголемиме потенцијалот на македонската економија, да можат сопствениците на бизнисите да дадат повеќе за вработените. Тоа мораме да го направиме. И тоа го правиме. Кога ќе се промени таа конфигурација и таа структура, тогаш веќе се ќе биде поинаку, тогаш состојбата ќе биде поинаква и вработените и работниците, јас сум убеден, ќе имаат и поголеми плати, и се ќе биде поинаку. Но во овој момент ова е максимумот на македонската економија, нагласи тој.

Мицкоски уште еднаш потенцира дека сето она што се однесува на државата, што е постигнато како договор со синдикатите, во образованието, во здравството, во другите сегменти, ќе биде максимално испочитувано, како и сето она што следува согласно закон, а е резултат на нивелирање на минималната плата, која што по закон исто така ќе биде зголемена, доколку работодавачите и работниците не постигнат поинаков договор. Најави дека на почетокот на декември ќе има Економски социјален совет на кој ќе се отворат сите овие прашања.