Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Дискусии на теми „Homo Veritatis: За вистината во јавниот дискурс“ и „Homo Religiosus: За човекот како религиозно битие“ на Форумот за Интердискурзивен дијалог „Philosophia Christiana“

Две дискусии во рамките на Форумот за Интердискурзивен дијалог „Philosophia Christiana“, проект…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Две дискусии во рамките на Форумот за Интердискурзивен дијалог „Philosophia Christiana“, проект на фондацијата „Свети Фотиј Велики“ – Скопје ќе се одржат денеска и утре во библиотеката „Браќа Миладиновци“ во Скопје со почеток од 19 часот.

Првата дискусија, која ќе се одржи денеска е насловена Homo Veritatis: За вистината во јавниот дискурс (27.11.2025) и на неа како што наведува организаторот интердисциплинарно ќе се пристапи кон прашањето за вистината во јавниот дискурс. Во дискусијата ќе учествуваат Дионисиос Склирис, професор по философија на Богословскиот факултет во Атина и новинар во неделникот „То Вима“ и Ненад Марковиќ, професор по политички науки и еден од основачите на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“.

Втората дискусија, која ќе се одржи утре е насловена Homo Religiosus: За човекот како религиозно битие. Во неа, како што наведува организаторот, фокусот ќе биде ставен на значењата и интерпретациите на концептот за религиозноста во европската култура. Во дискусијата ќе учествуваат Сотирис Митралексис од Лондонскиот универзитетски колеџ (UCL) и Институтот за православни христијански студии во Кембриџ (IOCS) и Александар Таковски од AAB Колеџот во Приштина.

Реклама

Настаните се со слободен влез и отворени за пошироката публика. Форумот за Интердискурзивен дијалог „Philosophia Christiana“ дејствува како дијалошка платформа, која се состои од дискусии на различни философски, теолошки, социјални, етички и културолошки теми.