Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Не поминаа амандманите на опозицијата за Предлог буџетот за наредната година на Комисијата за финансирање и буџет

Дваесет и четири амандамани на Предлог буџетот за 2026 година, поднесени од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дваесет и четири амандамани на Предлог буџетот за 2026 година, поднесени од страна на опозицијата не поминаа на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет. Заменикот министер за финансии, Николче Јанкуловски и мнозинството во Комисијата не ги прифатија амандманите кои ги поднесоа пратениците од ДУИ, СДСМ и Левица.

Најмногу амандмани во првиот дел на седницата-14, до паузата, поднесоа пратениците од Европскиот фронт. Тие во сите амандмани побараа средства за отворање на нови и реконструирање на постојни основни и средни училишта, а најмногу внимание кај пратениците предизвика амандманот со кој се бараше 20 милиони денари за отворање ново училиште во Општина Чашка за учениците кои учат на албански јазик, бидејќи досегашното, отворено пред неколку години, функционирало во модуларен објект и не ги задоволува условите.

Во одговор на барањето заменик министерот за финансии Јанкуловски истакна дека за отворање нови училишта со буџетот за наредната година се предвидени 72 милиони денари и плус 50 милиони за реконструкции, кои преку Владата ќе им бидат ставени на располагање на општините.

Реклама

Пратеникот Игор Здравковски од ВМРО-ДПМНЕ подвлече дека во Општина Чашка има потреба од ново училиште, но најпрвин треба Општината да си го заврши својот дел од обврските, односно да обезбеди локација за изградба и да ја подготви комплетната документација.

И двата амандмани од пратениците од Левица, од кои едниот беше повлечен, а вториот се однесуваше на реконструкција за студентските и училишните домови, беа одбиени со обвразложение дека тие веќе се реконструираат, а пратениците од ВМРО-ДПМНЕ-членови на Комисијата за финансирање и буџет упатија голема критика до поднесувачите на амандманите заради нивното неприсуство на седницата.

Пратениците од СДСМ во поднесените неколку амандамни, меѓу другото, побараа зголемување на средствата за буџетот на Инспекторатот за употреба на македонскиот јазик, како и 70 милиони денари за превоз на ученици од средното образование кои посетуваат практична настава во компании. Според заменик министерот за финансии, Јанкуловски средствата за превоз на учениците за обезбедени преку блок дотациите што ги добиваат општините и тие треба да се грижат за тоа.

Седницата на Комисијата за финансирање и буџет ќе продолжи со работа во 16 часот, кога ќе се разгледуваат преостанатите 41 амандмани по предлог буџетот за 2026 година, чие разгледување треба да заврши најдоцна до утре.