Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Регионална конференција „Мостови на искуство: Зајакнување на сениорското волонтирање за одржлив развој низ Балканот“

Во Скопје денеска ќе биде одржана Првата регионална конференција за волонтирање насловена…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Скопје денеска ќе биде одржана Првата регионална конференција за волонтирање насловена „Мостови на искуство: Зајакнување на сениорското волонтирање за одржлив развој низ Балканот.

Конференцијата е во организација на Асоцијацијата за спорт и волонтерство (АСВ) во партнерство со Министерството за економија и труд на Македонија со поддршка на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП), како и на партнерските ЕУ организации: Центарот за европско волонтерство (CEV) и Конфедерацијата на европските услуги на сениорски експерти (CESES).

Конференцијата официјалното ќе биде отворена со обраќања на министерот за европски прашања на Македонија, Орхан Муртезани и извршниот директор на ЦЕСЕС Брисел, Исмаел Паез Цивико.

Реклама

-Овој значаен меѓународен настан се организира во контекст на прогласувањето на 2026 година од страна на Обединетите нации за Меѓународна година на волонтерите за одржлив развој (IVY 2026) и претставува прва регионална платформа посветена на промоцијата и унапредувањето на сениорското волонтирање на Балканот, информираат од ИДУЕП.

Посочуваат дека конференцијата има за цел да поттикне отворени и конструктивни дискусии, да овозможи создавање регионални партнерства, како и да придонесе кон заедничко креирање политики за развој на волонтерството. Посебен акцент ќе биде ставен на улогата на сениорите – волонтери над 50 години – чиј долгогодишен професионален и општествен ангажман претставува значаен потенцијал за пренос на знаење, меѓугенерациско разбирање и зајакнување на заедниците. На настанот ќе учествуваат високи претставници на институциите од земјата и регионот, министри и заменици-министри, претставници на граѓанскиот и приватниот сектор, меѓународни организации и академската заедница.

На првиот панел на темата „Што претставува сениорското волонтирање и кои се неговите придобивки за сениорите, општеството и економијата“ панелисти се Ина Мајко, заменик министерка за здравство и социјална политика на Албанија, Лена Карналова, директорка на НВО „Големи браќа големи сестри“ од Бугарија и Бенџамин Арндт од Мировен Корпус (Постар волонтер), САД.

На вториот панел со тема „Меѓународна соработка – Можности на Балканот во рамките на IVY 2026 и неговото наследство“ ќе зборуваат Маја Папатолевска од Министерството за економија и труд, Симона Младеновска од Балканска мрежа за развој на граѓанското општество, Лејла Шехиќ Релиќ, претседателка на ЦЕВ Брисел, Андреј Тоха од САЛТО Центар за ресурси за Југоисточна Европа.

На последниот трет панел на тема „Од настани до секојдневие – Волонтерски улоги во спортот што ги поврзуваат генерациите“ панелисти ќе бидат Гордана Цветковска Бошевска од Министерство за спорт, Нада Рочевска, претседателка на Асоцијација за спорт и волонтерство (АСВ), проф. Ники Кутру, професор на Универзитетот Сандерленд- Лондон и проф. Лиза Пантековска, универзитетска професорка.