Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Продолжен притворот за шесте лица за злоупотреби во прилепската болница

Прилепскиот Основен суд го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство и им…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Прилепскиот Основен суд го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство и им го продолжи притворот до 30 дена на шесте лица во случајот со злоупотреби во прилепската болница, потврдува претседателката на основниот суд во Прилеп, Јасмина Шишковска.

-Притворот е продолжен на 6-те лица.Тоа го одлучи кривичниот совет при Судот, но постои можност за жалба. Поднесени се жалби до Апелацискиот суд во Битола за продолжувањето на притворот, вели Шишковска.

Според информациите од Јавното обвинителство на Македонија, прилепското основно обвинителство ја продолжува истрагата против 32 физички и правни лица за сомнежи со јавни набавки во болницата со која институцијата е оштетена за околу 700 000 евра.

Реклама

Обвинителството донесе наредба за спроведување истрага против вкупно 32 лица – 16 физички, 7 правни, а девет други осомничени се гонат по скратена постапка.

Тие се осомничени за кривичните дела – Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство како и проневера во службата. Со пријавата се опфатени и дејствија на несовесно работење, злоупотреба на службената положба и овластување, фалсификување или уништување деловни книги и други кривични дела за дел од осомничените, кои обвинителството исто така ги испитува, соопштува прилепското обвинителство.

Осомничените, меѓу кои поранешната директорка, раководители и други вработени во болницата, но и управители на осомничени правни лица, преку постапки за јавни набавки за сервис на моторни возила, чистење на работните простории, сервис на водоводна мрежа, молерофарбарски услуги, физичко обезбедување, реконструкција на инфективното одделение, односно преку неизвршување на договорните обврски и незаконски промени на налози за исплата, предизвикале вкупна штета на буџетот на прилепската болница  од речиси 43 милиони денари, или околу 700 000 евра.

Прилепското основно обвинителство ја покрена истражната постапка по поднесената кривична пријава од Управата за финансиска полиција.

На 24 октомври им беше потврден првиот притвор до 30 дена на 6-те осомничени лица за злоупотреби во прилепската болница.