Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

Шестгодишна стратегија за унапредување на образовниот систем

Воведување на нови програми за предучилишно образование, едносменска настава, нов модел на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Воведување на нови програми за предучилишно образование, едносменска настава, нов модел на државна матура, нови формули за финансирање на основните и средните училишта, развој на кадровски капацитети на МОН. Едукацијата и иднината на младите во државава останува во фокусот на владините политики. Ова е дел и од новата шестгодишна стратегија за унапредување на образовниот систем.

„Оваа стратегија не не насочува кон целосно спротивна страна, не е нешто сосема ново, напротив таа е надополнување на досегашната, но ги адресира предизвиците кои досега постоеа и се осврнува на новите глобални образовни трендови. Во првите две години стратегијата ќе биде насочена кон целите кои Македонија треба да ги исполни согласно планот на раст на Западен Балкан усвоен од ЕУ.“– изјави министерката за образование Весна Јаневска.

Стратегијата е изработена со поддршка од ЕУ, УНИЦЕФ, Светска банка, УНДП, Бирото за развој на образованието, Центарот за развој на стручното образование како и Државниот испитен центар. За европските партнери, ваквиот ангажман е клучен за една земја да биде богата и да се движи кон патеката на растот.

Реклама

„Германија со гордост придонесува кон унапредувањето на образованието на Македонија преку неколку клучни иницијативи со примерен фокус на демократско инклузивно образование како и развој на стручно и модели на стручно образование заедно со МОН. На локално ниво ГИЗ ги зајакнува капацитетите на регионалните центри на средно и стручно образование и основните училишта за образованието да се прилагоди кон одржливиот развој и учениците да се подготват за одржлива економија.“– изјави амбасадорката на Германија, Петра Дрекслер.

„Нашата споделена цел е да помогнеме да се обликува образовен систем во Македонија кој е инклузивен, ориентиран кон иднината и усогласен со националните развојни приоритети. Учениците од секоја возраст мораат да бидат опремени со вештините кои се потребни за климатска отпорност, за зелена транзиција и учество во современиот пазар на трудот“– изјави претставникот на УНДП, Армен Григоријан.

Стратегијата утре ќе биде објавена на ЕНЕР системот и достапна за коментари, сугестии, забелешки, пред конечното усвојување од Владата. Во изминатиов период беа реализирани голем број на проекти кои најголеми бенефити имаа младите, како бесплатни ваучери за електронски уред, бесплатен пристап до базата „Web of Science“, како и нови учебници по сите предмети за секој ученик.