Реклама

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Алта банка ќе се продаде, сите шпекулации и невистини на опозицијата паднаа во вода

Домот за стари лица во Прилеп со нови идеи за подобрување на условите за своите штитеници

Економија

Никица Мојсоска Блажевски во Бизнис клуб: Извозот е клучот за нашата економија, а комората е гласот на бизнисот

„Мојата почит спрема Стопанската комора е на највисоко ниво затоа што во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Мојата почит спрема Стопанската комора е на највисоко ниво затоа што во неа членуваат компаниите кои го движат македонскиот извоз, компаниите кои го полнат нашиот буџет, компаниите кои нѐ водат напред. Комората е гласот на бизнисот – од дизајнирање и носење политики до детектирање проблеми и барање нивно решение“, изјави д-р Никица Мојсоска-Блажевски, потпретседател на Управниот одбор на Стопанската комора и главен извршен директор на „Македонија 2025“, во најновото издание на „Бизнис-клуб“ со претседателот на Комората Бранко Азески, се вели во соопштението од Комората. 

Таа посочува дека Комората е колективно тело во кое секој се грижи за своите интереси, но на крај колективниот интерес е најважен и за економијата и за државата. Притоа, потсетува дека Стопанската комора на разни начини на компаниите им обезбедува континуирана поддршка: обезбедување кредити и средства за технолошка опременост и модернизација, заеднички настап на трети пазари, учество на саеми, како и обезбедување и размена на релевантни информации.

„Секоја влада ја знае моќта на коморите и мора да ги ислуша и да ги консултира при носењето одлуки. Не смееме да ги заборавиме периодите на кризи во кои Стопанската комора како партнер им помогна и на компаниите и на државата“, додава Мојсоска-Блажевски.

Реклама

Во продолжение на поткастот, д-р Мојсоска-Блажевски нагласи дека како мала економија Македонија својот економски раст мора да го базира на извозот, но и на инвестициите. Според неа, потребни се промена во начинот на размислување на компаниите и активна потрага по нови пазари.

„Можеби Западот е нашата иднина, но не смееме да го занемариме Истокот. Треба глобално да бидеме отворени за сите можности што ни ги нуди светот“, вели таа.

Во таа насока, Комората ќе развива програми за поддршка на компаниите за нивниот настап за влез на нови странски пазари, за промена на деловниот менталитет, за изработка на почетно истражување на пазарот и за изнаоѓање партнери.

Во продолжение на разговорот д-р Мојсоска-Блажевски подвлекува дека државата и Комората треба заеднички да обезбедат стабилна и предвидлива бизнис-клима преку поедноставена регулатива, заради создавање фер услови за функционирање на компаниите, но и за владеење на правото како основа за посилен приватен сектор и одржлив економски раст.