Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Општините Штип, Карбинци, Радовиш и Конче имаат заеднича Стратегија за справување со пожари на отворено

Општините Штип, Карбинци, Радовиш и Конче имаат заедничка Стратегија за превенција на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општините Штип, Карбинци, Радовиш и Конче имаат заедничка Стратегија за превенција на пожари на отворено. Здружението за рурален развој ЛАГ „Плачковица“ при правење на Стратегијата утврди дека земјоделските површини се најризични, а пак човекот е најчесто причинител за пожарите на отворени.

Столе Ѓорѓиев претседател на ЛАГ „Плачковица“ вели дека во Стратегијата за четирите општини  утврдени се и превентивни мерки, дефинирање на ризичните зони и создавање на пунктови за брза интервенција при пожари на отворено.

-Превентивните мерки се дефинирање на зони, пробивање на патишта, расчистување на оние места кадешто има потенцијал за развој на пожар, санирање на земјоделските земјишта. Мора да се подигне јавната свест-забрането спалување на земјоделски отпад, забрането спалување во шумските предели и создавање на пунктови кои ќе бидат за поддршка во случај на справување со пожари, вели Ѓорѓев.

Реклама

Командирот на Територијална Противпожарна единица (ТППЕ)-Штип, Благој Ренџов истакна дека кадар имаат, но потребно е доопремување на единиците со опрема за рано откривање на пожарите на отворено.

-Од опрема недостасуваат дронови, како и усовршување за откривање на раните пожари. Недостасува и опрема како мешиња, метли и возила, од опрема секогаш ќе бидеме мањак, изјави Ренџов.

Инаку, ова лето гореше шума на планината Готен на територија на општините Радовиш, Струмица и Берово. Пожарот зафати површина од 1.948 хектари, а штета се проценува на околу 224.000 евра.