Реклама

Лекарската комора два месеци “обезглавена” – лекарите бесни бараат нов претседател

Селата кај Штип одбранети, огнот ставен под контрола

Скопје доби градски воз: Условите на првата делница од Зелениково до железничката станица европски

Бугарската полиција слепа пред Симеон Михајлов: Осуден за обид за убиство во Македонија, а слободно шета низ Софија

Јаневска: резултатите од реформите ќе се видат за пет до шест години години

13-годишникот кој со нож прободе врсник нема кривично да одговара, неговиот постар брат оди во притвор

Ниту еден човечки живот, ниту еден изгорен дом – пожари имаше, но Македонија годинава куртули од катастрофа

ИКТ центарот за опоравување од катастрофи крај Прилеп не е обичен серверски простор, туку секундарен податочен центар

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Македонија

Собранието во декември ќе решава за новиот претседател на Антикорупциската комисија – Чучуљ со најмногу бодови

Собраниската Комисија за избори и именувања ја утврди предлог-листата за избор на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собраниската Комисија за избори и именувања ја утврди предлог-листата за избор на нов претседател на Антикорупциската комисија. Адем Чучуљ е фаворитот што Комисијата ќе го предложи пред пратениците, откако во процесот на селекција ги доби највисоките оценки.
Селекциската комисија му додели 96,5 бодови – најмногу од сите пријавени – со што Чучуљ се пласираше на врвот на листата.

Тој речиси две децении работи во Антикорупциската комисија и моментално ја извршува функцијата генерален секретар. Комисијата за избори и именувања едногласно го поддржа неговото именување и ќе му го препорача на Собранието како кандидат за прв човек на ДКСК.

Според најавите од законодавниот дом, гласањето за оваа точка ќе се одржи на пленарна седница во првата половина на декември. Антикорупциската комисија добива нов претседател по оставката на Татјана Димитровска, која беше обвинета во случајот „Адитив“ за незаконско споделување службени информации и за фалсификување на сертификат за државна тајна.