Реклама

Договорите на дело да се трансформираат во редовни вработувања во дел од институциите – предлог-закон на ВМРО-ДПМНЕ

Потпишана националната програма за достоинствена работа 2026-2030

Форум на „Унитаб“ во Прилеп – македонскиот модел пример дека производството на тутун има светла иднина

Петмина кандидати во трка за наследник на Абази: Околу 160 обвинители утре го избираат новиот шеф на Организиран криминал

Европски услови во „Стив Наумов“, освен редовното одржување потребна е и поголема грижа од студентите

Србија по Александар Вучиќ: Прослава и насилство на победниците, шпекулации за нов премиер, стигнаа и првите барања од Хрватска и Словенија

Ќерка ја пронашла починатата своја 76-годишна мајка во Ѓорче Петров: Втор случај за пет дена

Извозот е приоритет за раст на економијата – се бараат решенија за превозниците во Шенген-зоната

Седрак за изборите во Бугарија: Бугарскиот претседател ќе биде без летимитет, како дома, така и во Брисел

Седрак за изборите во Србија: Се менува политичката култура, многумина студентското движење го сметаат како Шарената револуција

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Јотова води, Радев загуби: Бугарите со катастрофална излезност го одземаат легитиметот на премиерот и Владата

Македонија

Четиринаесет години Мировно образование во Македонија

Мировното образование е важно затоа што гради разумни и толерантни личности, кои…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Мировното образование е важно затоа што гради разумни и толерантни личности, кои знаат да почитуваат и кои конфликтите ги решаваат вербално, по ненасилен пат и тоа е исклучително важно за да може општеството да напредува. Ова денес го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска Конференцијата за мировно образование во Скопје, што четврта година по ред ја организира Првата детска амбасада – Меѓаши.

„Меѓаши многу помага да се реализира мировното образование преку спроведување на посебна програма и воннаставна активност, за која имаме склучено меморандум за соработка. Помага со обуки на наставници и со вклучување на деца во рамки на истата.
Денес имаме средба со поголем број наставници и клучната тема е токму мировното образование, па преку размена на искуства ќе се обидеме да дојдеме до нови идеи и заклучоци за тоа како да го унапредиме истото во иднина“, рече Јаневска.

Министерката рече дека таа ќе се залага за обезбедување континуитет на мировното образование и дека постојано треба да се истакнува неговото знаење, затоа што придонесува во градење млади генерации со вистински вредности.

Реклама

„Македонија е мала земја и можеби не може да влијае на надминување глобални конфликти помеѓу многу посилни држави, но можеме да влијаеме на зачувување на мирот во своите граници. Тоа е основа за напредок во сите сфери“, додаде министерката.

Мировното образование во Македонија се спроведува од 2011 година, како проектна активност со која се опфатени над 70 училишта, а повеќе од 300 наставници се обучени да ги предаваат наставните модули што на предлог на Меѓаши се одобрени од Бирото за развој на образованието.