Реклама

Лекарската комора два месеци “обезглавена” – лекарите бесни бараат нов претседател

Селата кај Штип одбранети, огнот ставен под контрола

Скопје доби градски воз: Условите на првата делница од Зелениково до железничката станица европски

Бугарската полиција слепа пред Симеон Михајлов: Осуден за обид за убиство во Македонија, а слободно шета низ Софија

Јаневска: резултатите од реформите ќе се видат за пет до шест години години

13-годишникот кој со нож прободе врсник нема кривично да одговара, неговиот постар брат оди во притвор

Ниту еден човечки живот, ниту еден изгорен дом – пожари имаше, но Македонија годинава куртули од катастрофа

ИКТ центарот за опоравување од катастрофи крај Прилеп не е обичен серверски простор, туку секундарен податочен центар

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Македонија

Манасиевски: Дел од правосудните органи бараат плата во вредност од 8 просечни плати со 2% доверба, 360.000 денари би била платата на претседател на суд

Прес-конференција на членот на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски: „Правосудството наместо да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Прес-конференција на членот на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски:

„Правосудството наместо да работи за граѓаните и во нивен интерес да ја носи правдата без тој целиот процес да трае со години, тие со едвај 2% доверба бараат двојно зголемување на  платите.

Иако македонските правосудни органи, судии и обвинители се едни од најплатените во регионот и Европа, на нив тоа не им е доволно, па бараат да имаат едни од најголемите плати во Европа.

Реклама

Кога говориме со факти и бројки, добро е јавноста да ги знае следните информации.

Македонските правосудни органи добиваат од 2,3 до 3,2 просечни плати или во превод, нешто над 100.000 денари па се до над 144.000 денари или во евра од 1700 до 2360. Додека пак претседател на суд во Македонија зема околу 180.000 денари или 3000 евра. И овие плати ги добиваат со нешто помалку од 2% доверба од народот.

Е сега за споредба, нашите соседи од Србија земаат 2,3 просечни плати, или во превод близу 120.000 денари, или околу 2.000 евра, но со 20% доверба од граѓаните. Исто така, со 20% доверба во судството се и граѓаните на Хрватска, земја членка на ЕУ, таму нивните правосудни органи земаат близу нашите претседатели на судови, односно 3350 евра. Словенија, земја со 41% на доверба во судството, платите на судиите се движат од почеток на кариерата од 107.000 денари или околу 1740 евра, додека пак на крајот на кариерата или на врвот на кариерата, достигнуваат до нешто над 4000 евра. Секако, да не ја заборавиме и една од најразвиените држави, Германија, каде што судиите земаат околу 3300 евра плата или околу 200.000 денари, со притоа доверба од 58% од граѓаните.

Почитувани граѓани,

Со последните барања на судиите и обвинителите и нивните здруженија, тие бараат двојно зголемување на платите, со што еден судија би земал околу 160.000 денари плата или пак претседател на некој суд во Македонија би земал 360.000 денари плата, што е над сите примања кои ги добиваат судиите во Европа. Или во превод претседател на суд во Македонија би земал 8 просечни плати, а судија или обвинител би земал околу 3,5 просечни плати. И сето ова почитувани граѓани со само 2% доверба од народот.

Повикуваме на разумност и работа од страна на правосудните органи.“