Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Претседателот на Собранието, Гаши потпиша Меморандум за соработка со Меѓународниот парламент за толеранција и мир  

Претседателот на Собранието, Африм Гаши и претседателот на Глобалниот совет за толеранција…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Собранието, Африм Гаши и претседателот на Глобалниот совет за толеранција и мир, Ахмед Бин Мохамед Алџарван потпишаа Меморандумот за соработка помеѓу Собранието и Меѓународниот парламент за толеранција и мир (IPTP).

Како што информира собраниската прес-служба, Меморандумот претставува важна институционална рамка, чија цел е продлабочување на меѓународната парламентарна соработка во областите на толеранцијата, мирот и демократскиот дијалог, редовно учество на Собранието на седниците, комитетите и иницијативите на IPTP, континуирана размена на информациите за активностите, документите и парламентарните проекти на оваа организација, како и координација на можностите за спроведување на заедничките настани, конференциите и проектите од заеднички интерес.

Глобалниот совет за толеранција и мир е меѓународна организација основана во 2017 година во Малта, врз основа на дипломатскиот договор со Владата на Малта, кој ѝ дава дипломатски привилегии и имунитети.

Реклама

-Овој Меморандум претставува важен чекор во унапредувањето на улогата на Собранието на меѓународната арена и значаен придонес во промовирањето на вредностите на дијалогот, меѓусебното почитување и глобалниот мир, наведува собраниската прес-служба.