Реклама

„Револуција во кадар“ – ВМРО низ фотографии од 1893 до 1934 година

Договорите на дело да се трансформираат во редовни вработувања во дел од институциите – предлог-закон на ВМРО-ДПМНЕ

Потпишана националната програма за достоинствена работа 2026-2030

Форум на „Унитаб“ во Прилеп – македонскиот модел пример дека производството на тутун има светла иднина

Петмина кандидати во трка за наследник на Абази: Околу 160 обвинители утре го избираат новиот шеф на Организиран криминал

Европски услови во „Стив Наумов“, освен редовното одржување потребна е и поголема грижа од студентите

Србија по Александар Вучиќ: Прослава и насилство на победниците, шпекулации за нов премиер, стигнаа и првите барања од Хрватска и Словенија

Ќерка ја пронашла починатата своја 76-годишна мајка во Ѓорче Петров: Втор случај за пет дена

Извозот е приоритет за раст на економијата – се бараат решенија за превозниците во Шенген-зоната

Седрак за изборите во Бугарија: Бугарскиот претседател ќе биде без летимитет, како дома, така и во Брисел

Седрак за изборите во Србија: Се менува политичката култура, многумина студентското движење го сметаат како Шарената револуција

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Македонија

Во СВР Битола промовирана Соба за работа со деца

Заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени заедно со амбасадорот на Шведска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени заедно со амбасадорот на Шведска Ола Сустром и на ОБСЕ Килиан Вал, денеска во СВР Битола пуштија во употреба Соба за работа со деца.

Проектот е во рамки на програмата „Шведска поддршка на полициските реформи во Северна Македонија“ , а промовираната соба, прва од ваков тип во земјава, истакна заменик министерот Астрит Исени.

-Овие простории се повеќе од потребни, а СВР Битола ја добива првата соодветна опремена просторија во нашата земја која ќе биде користена за разговор со деца, но и со останатите ранливи категории лица. Со примена на информатичко технички решенија ќе се избегне потребата од повторен разговор и ревиктимизација. Со овој проект ќе се овозможи и меѓунституционална соработка при постапување во кривични дела или семејно насилство, посочи заменик министерот Исени и нагласи дека искуствата на колегите од Шведска ќе помогнат во разрешувањето на конректни кривични дела.

Реклама

На промотивниот настан во СВР Битола, амбасадорот Сустром истакна дека проектот за поддршка на полициските реформи во земјава се врши заради локалните потреби и приоритети.

-Нашата цел е да ги подобриме институционалните капацитети на полицијата во земјава за да се придржуваат до најдобрите меѓународни практики и до стандардите за човекови права во областа на правата за деца, малолетничка правда и на полициско работење во заедницата. Двете компонентни придонесуваат за пошироката цел на поддржување на развојот на една демократска, одговорна и професионална полициска служба која ќе биде усогласена со стандардите на ЕУ и принципите на човековите права, нагласи амбасадорот Сустром.

Според шефот на мисијата на ОБСЕ во земјава, амбасадорот Килиан Вал, отворањето на собата за работа со деца ќе им помогне на жртвите на родово базирано насилство, бидејќи им треба мирен, спокоен и безбеден простор.

-Оваа соба претставува нешто многу повеќе од само физичка просторија. Таа претставува подобрено полициско работење, фокусирано и центрирано на доброто на жртвите при спроведување на законот. Оваа соба ќе им овозможи на полицискте службеници да работат со емпатија, со професионалност и одговорност со жртвите кои што се жртви на домашно насилство, насилство врз жени и девојчиња, малолетнички жртви и друго, посочи амбасадорот Вал.

Отворањето на Соба за работа со деца во СВР Битола овозможува зајакнување на полициското работење и поголема доверба во полицијата, беше истакнато на промотивниот настан во Битола.