Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Економија

ССКМ: Потпишувањето на договорот за соработка со Стопанската комора на Војводина е порака која бизнис секторот ја препознава

Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ) и Стопанската комора на Војводина…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ) и Стопанската комора на Војводина денеска во Нови Сад потпишаа договор за соработка во рамките на осмиот регионален бизнис форум што го организира војводинската Стопанска комора.  

Претседателите на двете комори, Горан Ѓорѓиевски и Горан Гак ставија потис за соработка за размена на информации значајни за развој на бизнисот, унапредување на човечките ресурси и заедничко делување, заедничко преставување и застапување пред други организации и бизнис заедници, заедничка организација на настани и преставување на трети пазари и за пренос на знаење и споделување на добри практики.

-Овој тип на иницијативи и спогодби е јасна порака на бизнис секторот во регионот дека мора да соработува за да остане конкурентен во овие нестабилни економски времиња. Фокусот на дигитализацијата, човечките ресурси и продуктивноста во следните години како регион не приближува кон саканата цел, односно Европската Унија, истакна Ѓорѓиевски, соопштија од Сојузот на стопански комори на Македонија.

Реклама

Во текот на денешниот ден тимот на Сојузот на стопански комори продолжува со билатерални средби кои ќе овозможат подобро вмрежување на македонските компании со нови можности за соработка со регионалните партнери, стои во соопштението.