Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Прилози

Националната алијанса за интеграција на Ахмети отиде во дезинтегрираност: Села му сврти грб на Ахмети

Политичка пукнатина во албанскиот блок – коалицијата на Али Ахмети се лизга…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Политичка пукнатина во албанскиот блок – коалицијата на Али Ахмети се лизга кон распад. Се повлекува Зијадин Села, еден од клучните коалициски партнери. Со тоа, Националната алијанса за интеграција ја губи внатрешната стабилност.

Алијансата за Албанците, предводена од Зијадин Села, реши да делува самостојно.

По состанокот на партиското претседателство беше соопштено дека коалицијата со ДУИ и Али Ахмети завршува, а пратениците на Села ќе формираат независна пратеничка група во Собранието.

Реклама

Од Алијансата соопштуваат дека начинот на кој завршија последните локални избори е главната причина за овој радикален чекор. Иако на советничките листи коалицијата во која учествуваше АА освои најмногу гласови, во трката за градоначалници – како што тврдат од партијата – „резултатите биле деформирани од државен инженеринг и координирани дејствија на албанските и македонските партии на власт“.

„Под ваквите сценарија, најмногу изгубија самите Албанци, кои по централната власт се деградирани и на локално ниво“, стои во соопштението потпишано од Села – изјави Зијадин Села.

Решението за повлекување било донесено едногласно од Претседателството на партијата, кое ја поддржа одлуката за нов политички курс. Алијансата најави дека и понатаму ќе ја критикува власта и ќе соработува со другите опозициски субјекти од албанскиот блок.

Првиот знак дека нешто ќе се менува во редовите на Села беше повлекувањето од сите партиски функции на поранешниот министер за правда Кренар Лога. Иако без директна врска со коалициската криза, овој потег беше протолкуван како сигнал дека се подготвуваат поголеми промени во насоката во која се движи партијата.

На ваквите тектонски промени се јавија и од Вреди, главниот политички противник на НАИ. Оттаму тврдат дека коалицијата НАИ „е изградена без кауза, без визија и без политичка ориентација“ и дека со заминувањето на Села и Лога станува јасно дека се работи за алијанса која не издржала ниту едни избори.

„Нивниот континуиран недостаток на координација веќе стана модел на неуспех, не само што не успеваат да обликуваат заедничка насока, туку секој ден докажуваат дека оваа коалиција функционирала само како засолниште за тесни лични интереси, а не како политички проект за Албанците“, стои во соопштението од ВЛЕН – изјави ВЛЕН.

Сега коалицијата на Ахмети останува без еден од клучните партнери во албанскиот блок. Прашање е дали и другите партии ќе ја преиспитаат својата улога во НАИ и дали ова ќе доведе до целосна реорганизација на политичките сили меѓу Албанците.

А додека едните го обвинуваат системот, а другите ги демаскираат личните амбиции зад коалициските маски – политичката мапа на земјава се редефинира. И овој пат, без голема галама, но со длабоки пукнатини кои ќе се чуствуваат уште долго време.