Реклама

Ниту еден човечки живот, ниту еден изгорен дом – пожари имаше, но Македонија годинава куртули од катастрофа

ИКТ центарот за опоравување од катастрофи крај Прилеп не е обичен серверски простор, туку секундарен податочен центар

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Тошковски бара храброст од Обвинителството вистински да се истражи криминалот со набавката на мазутот

Мицкоски: Бесплатни учебници, реновирани училишта, сали и базени – образованието останува приоритет

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Обврска и одговорност на судот е да има правда за случајот со Пулс

Секој процес е отворен за јавноста, може да присуствува публика согласно Законите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Секој процес е отворен за јавноста, може да присуствува публика согласно Законите за транспарентност. Прес-конференцијата на Филипче е срамен обид да глуми чесен во ситуација кога цела држава знае дека има сериозни дамки од модуларната, па се до разни набавки во здравството, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Цела држава знае, освен обвинителството. И еве го повикуваме обвинителството на Заев и Филипче да делува одговорно и да испита сѐ. Истовремено сметаме дека обврска и одговорност на судот е да има правда за случајот со Пулс, да не биде бескомпромисен и да ги повика на одговорност сите кои се огрешиле во било каква смисла, без разлика на политичка или етничка припадност, и да не води сметка на било какви политички пораки и притисоци каква што е и оваа алиби прес-конференција на докторот Менгеле, Филипче кој колку и да се обидува, не може да ја сокрие грозоморната улога во разни случаи.

Вистината мора да излезе на виделина. Македонија мора да гради систем во кој нема да има повластени и недопрени, туку Законот ќе важи за сите. Заради тоа овој случај е исклучително важен. Македонија мора да ги победи сите оние кои мислат дека со евтини трикови ќе ја надмудрат и остават во калта на нивното гнасно минато.

Реклама

Правда мора да има. За сите!