Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Во Струмица ќе се гради нов парк во соработка на Општината со УНДП

Во Струмица ќе се гради нов парк на површина од 14.000 метри…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Струмица ќе се гради нов парк на површина од 14.000 метри квадратни кај градинката „Виножито“, во новиот дел на градот, информираа денеска од локалната самоуправа.

Паркот е заедничка инвестиција на Општината и УНДП во износ од 26 милиони денари, односно 16 милиони денари ќе се обезбедат од општинската каса, а 10 милиони денари од УНДП.

-Градоначалникот на Општина Струмица, Петар Јанков, денеска имаше средба со постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во земјава, Армен Грегоријан. Градоначалникот Јанков и постојаниот претставник Грегоријан, разговараа за соработката меѓу Oпштина Струмица и УНДП и реализацијата на тековните проекти, со заеднички заклучок дека таа треба да се проширува во повеќе области. Во фокусот на разговорите беше проектот „Справување со загадувањето на воздухот“, кој предвидува изградба на парк во населбата „Карпош“- дел 2, се наведува во информацијата.

Реклама

По средбата во кабинетот, градоначалникот Јанков и постојаниот претставник на УНДП Грегоријан со соработниците ја посетија локацијата кадешто ќе се гради паркот.

Инаку, новата паркова површина ќе претставува уште еден дополнителен зелен и урбан простор во новата населба „Карпош“ со поставување на современа урбана опрема, детски и спортски игралишта и засадување на околу 600 дрвја.