Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Андреа Серафимовски реизбран за претседател на Здружението за градежништво при Стопанската комора на Македонија и во наредните 5 години

Здружението за градежништво, индустријата на градежни материјали и неметалите при Стопанската комора…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Здружението за градежништво, индустријата на градежни материјали и неметалите при Стопанската комора на Македонија ја одржа својата редовна седница на која беа дискутирани клучните предизвици и можности во секторот, како и насоките за негов понатамошен развој.

На седницата, за претседател на Управниот одбор и претседател на Здружението беше реизбран Андреа Серафимовски, член на УО на ГД „Гранит“ АД Скопје. Изборот претставува признание за неговата стручност, деловна посветеност и континуиран ангажман во унапредување на градежниот сектор кој има значајна улога во економскиот раст и инфраструктурниот напредок на земјата.

Здружението ја реафирмира својата заложба да продолжи да делува во интерес на компаниите-членки и целокупната индустрија, преку следење на состојбите на пазарот, унапредување на законската регулатива и создавање предуслови за предвидлива, стабилна и поттикнувачка бизнис-клима. Во оваа насока, Здружението и во иднина ќе продолжи активно да соработува со надлежните институции, стручните организации и другите релевантни чинители, со цел креирање политики што ќе обезбедат одржлив раст и развој на секторот.

Реклама

Во рамките на утврдените приоритети, во следниот период на работењето на Здружението уште повеќе акцентот ќе биде ставен на унапредување на процедурите за јавни набавки и инвестициски процеси, подобрување на техничките и безбедносните стандарди во градбите, поттикнување на иновациите и модернизацијата во производството и градежните практики, како и промовирање на одржливи и енергетски ефикасни решенија.

Здружението останува доследно на својата мисија да придонесува во развивање силен, конкурентен и современ градежен сектор, кој претставува столб на економскиот и општествениот развој.

На седницата на Здружението за градежништво, д-р Јелисавета Георгиева Јовевска, советник на претседателот за инфраструктура и економски развој која воедно е дел од Кооординативното тело за унапредување на секторот градежништво заедно со Серафимовски, најголемите градежни компании од Македoнија и високите претставници

од Кабинетот на Претседателот на Владата на РСМ, во името на Стопанската комора на Македонија и во име на претседателот на Комората, Бранко Азески му додели ПРИЗНАНИЕ на Андреа Серафимовски за особен придонес, несебично вложување и остварување прогрес на активностите како претседател на Здружението за градежништво при Стопанската комора.