Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Началникот на Генералштабот на Армијата на Координативната конференција на командантите на јужното крило на НАТО

Во периодот од 16 до 19 ноември 2025 година, делегација на Армијата,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во периодот од 16 до 19 ноември 2025 година, делегација на Армијата, предводена од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, учествуваше на Координативната конференција на командантите на јужното крило на НАТО 2025 (SCCC – Southern Commanders Coordination Conference 2025).

-Во рамките на конференцијата, денес генералот Лафчиски присуствуваше на церемонијата на примопредавање на должноста командант на Здружената команда на силите во Неапол (Joint Force Command Naples – JFCNP), на која адмиралот Стјуарт Манч ја предаде должноста на адмиралот Џорџ Викоф, информираат од ГШ на АРМ.

На конференцијата, која вчера продолжила со работни сесии, присуствувале и претставници од шест партнерски земји на НАТО, членки на Истанбулската иницијатива за соработка и Медитеранскиот дијалог.

Реклама

За време на престојот, началникот на ГШ на Армијата остварил одделни средби со стариот и новиот командант на JFCNP, како и со началниците на Генералштабовите на сојузничките и партнерските земји од регионот, при што биле разменети мислења во областите од заемен интерес, како и можностите за унапредување на регионалната соработка со цел зајакнување на безбедносната состојба.

SCCC 2025 претставува годишна конференција на која учествуваат началниците на Генералштабовите на 13 земји членки на НАТО што се дел од Здружената оперативна зона – југоисток, како и командантите на NATO Rapid Deployable Corps од Италија, Грција и Турција. На конференцијата учествуваат и командантите на мисијата КФОР (KFOR – Kosovo Force), НАТО мисијата во Ирак (NMI – NATO Mission in Iraq) и операцијата на ЕУ – АЛТЕА.