Реклама

Ниту еден човечки живот, ниту еден изгорен дом – пожари имаше, но Македонија годинава куртули од катастрофа

ИКТ центарот за опоравување од катастрофи крај Прилеп не е обичен серверски простор, туку секундарен податочен центар

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Тошковски бара храброст од Обвинителството вистински да се истражи криминалот со набавката на мазутот

Мицкоски: Бесплатни учебници, реновирани училишта, сали и базени – образованието останува приоритет

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

Македонија

Денот на ослободувањето на Тетово одбележан пред Споменикот на револуцијата

Ослободувањето на Тетово од фашистичката окупација во Втората светска војна на 19…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ослободувањето на Тетово од фашистичката окупација во Втората светска војна на 19 ноември 1944 година денеска беше одбележано со оддавање на почит на загинатите борци пред Споменикот на победата (револуцијата) во Тетово.

Чествувањето почна со интонирање на химната, почесна стрелба и минута молчење во организација на Општинската организација на Сојузот на борци Тетово од Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија 1941-1945 и граѓаните продолжувачи, како и тетовската касарна „Кузман Јосифоски-Питу“.

Следуваше историски час, со читање на поетската творба на Владо Серафимовски „О земјо Македонијо“, како и реферат за значењето на датумот, подготвен од професор по историја, Љубиша Марковиќ од ОУ „Андреја Савески-Ќиќиш“.

Реклама

– Овој ден е симбол на храброста, решителноста и љубовта кон татковината. Тетово беше ослободено од фашистичка окупација, а тетовци го почувствуваа здивот на слободата. Но слободата не дојде лесно. Таа беше платена со највисока цена со животите на многу борци кои веруваа во идеалот за слободна татковина. Тие размислуваа за лична корист, туку за иднината на своите потомци, за иднината што ние денес ја живееме. На 19 ноември 1944 Тетово ја запиша својата најславна страница како последно ослободен град во Македонија, беше истакнато во рефератот.

Пред Споменикот на Револуцијата цвеќе положија претставници на општинските организации на Сојуз на борци од Тетово и Гостивар, касарна „Кузман Јосифоски-Питу“, СВР Тетово, Музеј на тетовски крај, Организација на резервни офицери, политичките партии СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Левица, како и ученици од тетовските основни училишта.

Вчера Денот на ослободувањето се одбележа и со свеченост под слоганот „Победа која се памети – Слобода која се чува“ на која беа доделени признанија 19 Ноември за животно дело, како и за особен придонес и трајни вредности во одредена област, а имаше музичко-сценски настапи.