Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Економија

Претприемачки базар во Кавадарци 

Претприемачки базар се реализира денеска во Кавадарци на кој претприемачи  од регионот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претприемачки базар се реализира денеска во Кавадарци на кој претприемачи  од регионот ги промовираат сопствените преработки на грозје, мед и многу други производи, на штандови поставени во дворот на Вински музеј, во градскиот парк, еден од најубавите паркови во државата. 

Даниела Димовска, директорка на ИНОВА, потсети дека од вчера започна глобалната недела на претприемништвото, а Агенцијата за иновации, научно технолошки развој и претприемништво, ИНОВА, ја одбележува со низа активности на различни локации на територијата на државата. 

-Имаме за цел Македонија да ја направиме регионален центар за иновации, нагласи Димовска. 

Реклама

Сашо Мошев, претседател на Центар за развој на Вардарски плански регион,  рече дека претприемачкиот базар ќе се реализира и во текот на утрешниот ден. 

-Настанот има за цел поддршка и промоција на локалното претприемништво, истакна Мошев. 

Градоначалникот на Општина Росоман, Ѓорѓи Крстевски рече дека настанот претставува одлична можност за размена на идеи, поддршка на иновативните решенија и јакнење на претприемачкиот дух во нашата држава.

-Горди сме на секој поединец кој создава, гради и ги движи промените напред. Поддршка за иновациите, знаењето и претприемништвото – тоа е патот кон посилна и конкурентна економија, истакна Крстевски. 

Наталија Димитриева, градоначалничка на Општина Демир Капија, рече дека ваквите настани се добри за продлабочување на меѓусебната соработка.