Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Вредна донација на компанијата „ОДВ Електрик“ за учениците на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ во Охрид

Компанијата „ОДВ Електрик“ како општествено-одговорна компанија донираше десет персонални компјутери за потребите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Компанијата „ОДВ Електрик“ како општествено-одговорна компанија донираше десет персонални компјутери за потребите на учениците во Општинскиот електро-машински училишен центар „Св. Наум Охридски“ во Охрид.

Од средното училиште посочуваат дека донацијата претставува современ технички ресурс што директно ќе влијае врз подобрување на знаењата, вештините и можностите на учениците од Центарот.

„Поддршката што ни ја дава ОДВ Електрик  претставува, исто така, значаен придонес за унапредување на нашата работа и создавање подобри услови за учење и развој на учениците“, велат од училиштето, притоа посочувајќи дека хуманоста и општествената одговорност се пример што инспирира.

Реклама

Компанијата „ОДВ Електрик“ и претходно има донирано опрема, согласно потребите на училиштето во насока на подобрување на образовниот процес, во рамки на повеќегодишната соработка со училиштето во делот на дуалното образование.