Реклама

Ниту еден човечки живот, ниту еден изгорен дом – пожари имаше, но Македонија годинава куртули од катастрофа

ИКТ центарот за опоравување од катастрофи крај Прилеп не е обичен серверски простор, туку секундарен податочен центар

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Тошковски бара храброст од Обвинителството вистински да се истражи криминалот со набавката на мазутот

Мицкоски: Бесплатни учебници, реновирани училишта, сали и базени – образованието останува приоритет

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

Македонија

Конституиран Советот на Општина Чешиново – Облешево, Димишков избран за претседател

Советот на Општина Чешиново-Облешево денеска ја одржа својата конститутивна седница во новиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Советот на Општина Чешиново-Облешево денеска ја одржа својата конститутивна седница во новиот мандат. 

Седницата почна со верифицирање на мандатите на сите 11 избрани советници, со што и формално беше потврден нивниот легитимитет за извршување на советничката функција.

По утврдувањето на мандатите, советниците свечено се заколнаа дека одговорно и совесно ќе ги исполнуваат своите обврски во согласност со Уставот, законите и интересите на граѓаните на општината.

Реклама

На дневен ред беше и изборот на претседател на Советот. Со седум гласа „за“ за претседател беше избран Горанчо Димишков, носител на листата сосоветници на коалицијата „Твоја Македонија” предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Димишков ќе ја предводи советничката структура во наредните четири години, период во кој се очекува Советот да работи на донесување развојни одлуки, подобрување на локалните услуги и унапредување на условите за живот во општината.