Реклама

Ниту еден човечки живот, ниту еден изгорен дом – пожари имаше, но Македонија годинава куртули од катастрофа

ИКТ центарот за опоравување од катастрофи крај Прилеп не е обичен серверски простор, туку секундарен податочен центар

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Тошковски бара храброст од Обвинителството вистински да се истражи криминалот со набавката на мазутот

Мицкоски: Бесплатни учебници, реновирани училишта, сали и базени – образованието останува приоритет

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

Македонија

Младеновска: Недозволив молк за најстрашниот скандал со операциите, дали власта се обидува да го заташка

Поминуваат денови од откривањето на еден од најстрашните скандали во македонското здравство…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поминуваат денови од откривањето на еден од најстрашните скандали во македонското здравство со непотребни операции на срце направени во приватни клиники.  Наместо експресна реакција, наместо објавување на сите информации, наместо одговорност власта со денови молчи, се наведува во соопштението од СДСМ од прес – конференцијата на Рената Младеновска, член на Извршниот одбор на СДСМ.

Сè уште нема изнесено целосни информации пред граѓаните, не е објавен извештајот, инволвираните, кои се лекарите, кои се приватните клиники. Се крие од јавноста кој од докторите дал индикации за операциите. И сè уште нема поднесено ниту една кривична пријава.

Не може злоупотреба на здравствената професија за профит на поединци вака да се третира. Што се чека?  Како некој да се обидува да го заташка овој монструозен случај.

Реклама

Дали некому му се дава време да ги сокрие трагите, да „исчисти“ документи? Вакво однесување е неспоиво со одговорна, транспарентна и сериозна држава.

Емоцијата на скандалот е поголема од бројките затоа што станува збор за човечки животи. Зборуваме за луѓе кои преживеале пекол а сега дознаваат дека нивната операција била непотребна. Дека некој ги гледал како профит, како средство за нечие богатење.

Не може вакви скандали да се заташкаат. СДСМ ќе се бори за објавување на целата вистина и за одговорност.

Бараме:

1.Итно јавно објавување на извештајот, во фазата во која се наоѓа, без доработки и без прикривање.

2.Објавување на сите имиња на доктори кои дале индикација за операциите. Ова е клучно за понатамошната разврска на случајот.

3.Објавување на имињата на сите приватни клиники и субјекти вклучени во процесот и носењето одлуки

4.Веднаш поднесување кривични пријави без никакво одложување.

5.Психолошка и правна поддршка за пациентите и за семејствата кои поминале низ овој кошмар.

Ова е тежок скандал кој мора да биде третиран со максимална транспарентност и максимална одговорност. Јавноста ја заслужува целата вистина. Секој што учествувал во овој монструозен синџир мора да одговара.