Реклама

Ниту еден човечки живот, ниту еден изгорен дом – пожари имаше, но Македонија годинава куртули од катастрофа

ИКТ центарот за опоравување од катастрофи крај Прилеп не е обичен серверски простор, туку секундарен податочен центар

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Тошковски бара храброст од Обвинителството вистински да се истражи криминалот со набавката на мазутот

Мицкоски: Бесплатни учебници, реновирани училишта, сали и базени – образованието останува приоритет

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

Македонија

Николовски: Во октомври наплатени царински приходи од рекордни 196 милиони евра

Царинската управа во октомври повторно ја надмина недостижната наплата на приходи –…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Царинската управа во октомври повторно ја надмина недостижната наплата на приходи – во Буџетот слеани 12,05 милијарди денари (196 милиони евра), за 11,4 милиони евра повеќе од лани, при што најголем раст од 16,6 проценти е забележан во наплатата на приходи од царина, се наведува во соопштение на Царинската управа. 

Зголемените контроли, и поголемата институционална соработка и партнерски однос со компаниите се едни од причините за растот. Приходите од наплата на давачки при увоз на возила се зголемени за 11 проценти. Од почетокот на годинава досега се поднесени 89 кривични пријави за сторени кривични дела со возила. Царинската управа, во изминатиот период работи на сите фронтови. Заклучно октомври поднесени 174 кривични пријави. Резултатите се препознаени и од Европската комисија, која во последниот извештај нотира високо ниво на напредок во поглавјето Царинска унија со кое раководи Царинската управа.

За зголемената наплата на приходи, што беше истакнато и од Европската комисија, директорот вели дека денес предизвикот е поголем бидејќи целта е да се надминат резултатите што се остварени од поставување на новото раководство.

Реклама

„Дадовме гас до максимум, предизвик ни е да се надминеме самите себеси, да ги надминеме резултатите што самите ги постигнавме. Од почетокот на годинава, заклучно октомври  наплативме приходи од 1,77 милијарди евра, за 89,4 милиони евра повеќе споредбено со лани. Ова се повеќе пари за болници, училишта, патна и железничка инфраструктура.. Дадовме силен поттик – вистински пуш во економијата“, вели Николовски.

Во однос на начинот на кој е постигнат висок напредок, тој вели дека „само со зацртана цел и визија и добар тим, резултатите ќе бидат видливи и мерливи“.