Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

МАЕИ: Свидерска беше верен чувар на македонскиот јазик и култура 

Македонската партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), смртта на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонската партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), смртта на професорката Славица Свидерска,  ја смета за огромна загуба на верниот чувар на македонскиот јазик и култура.

-Со длабока тага ја примивме веста за смртта на Славица Гаџова Свидерска, лектор по македонски јазик на Факултетот за странски јазици во Тирана, поетеса, преведувач и доктор на филолошки науки. Во име на Македонците во Албанија изразуваме искрено сочувство до нејзиното семејство, пријателите и колегите, стои во објавата на МАЕИ.

Професорката Славица беше голем пријател на Македонците во Албанија и верен чувар на македонскиот јазик и култура. 

Реклама

Со својата посветеност и благородна работа остави неизбришлива трага меѓу студентите и сите што имаа чест да ја познаваат.

Сочувство до семејството на Свидерска, изразија и македонските друштва и здруженија во Албанија, потсетувајќи средби кои ги имале со неа.