Реклама

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Македонија

РСБСП: Редовното одржување и техничката исправност на возилата е клучен предуслов за безбеден сообраќај

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) започнува нова превентивно-едукативна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) започнува нова превентивно-едукативна кампања за „Унапредување на работата на станиците за технички преглед и подигнување на свеста за важноста на техничката исправност на возилата“, со цел системско подигнување на свеста за значењето од редовна проверка и одржување на моторните возила.

-Истражувањата и анализите за причините за случување на сообраќајните незгоди покажуваат дека техничката неисправност на возилата е значаен фактор кој директно влијае на безбедносноста состојба во сообраќајот. Неисправноста на системите за сопирање, управување, светлосна сигнализација, пневматици и другите системи и уреди создаваат сериозна закана по безбедноста на возачите, патниците и останатите учесници во сообраќајот, информираат од РСБСП.

РСБСП потсетува дека техничките прегледи не се само законска обврска, туку и морална и општествена одговорност на секој сопственик на возило, нагласувајќи дека технички исправното возило е клучно за минимизирање на ризикот од незгоди и за подигнување на нивото на сообраќајна култура и дисциплина на патиштата.

Реклама

-Во остварувањето на целта за обезбедување техничка исправност, станиците за технички преглед на возилата имаат исклучително значајна улога. Тие се првата линија на контрола и имаат клучна улога во системот на патната безбедност, каде стручно обучен персонал, со користење на современа опрема, ги проверува сите витални системи на возилото – сопирачки, управување, суспензија, светлосна сигнализација, систем за издувни гасови, пневматици и други механички елементи критични за безбедно учество на возилото во сообраќајот, се вели во соопштението од РСБСП.

РСБСП истовремено апелира до возачите и сопствениците на возила да ја препознаат важноста на редовните проверки на возилата не како формалност или дополнителен трошок, туку како реална мерка за заштита на животот и здравјето на сите учесници во сообраќајот, посочувајќи дека „секој од нас има обврска и интерес да управува технички исправно возило, со што ќе допринесе до побезбеден сообраќај“.

Во рамките на кампањата, РСБСП, информира дека ќе бидат реализирани повеќе активности, меѓу кои, едукативни и информативни настани; медиумски содржини со практични совети за безбедно одржување на возилата; соработка со овластените правни лица за вршење на технички преглед (СТП) и авто-сервиси; изработка и дистрибуција на промотивни едукативни материјали насочени кон подигнување на јавната свест за важноста на техничката исправност на возилата.

-Редовно проверувајте ја исправноста на вашето возило. Не го ризикувајте сопствениот живот и животите на другите. Техничката исправност на вашето возило е гаранција за безбедно патување и одговорно учество во сообраќајот. Тоа е заедничка грижа за намалување на бројот на сообраќајни незгоди. Проверете. Одржувајте. Возете безбедно, порачуваат од РСБСП.