Реклама

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Македонија

Младински хор од Солун ќе одржи концерт во Скопје – приредува мало изненадување за деца од Кочани

Традиционални грчки и модерни мелодии подготвува младинскиот хор од Солун за настапот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Традиционални грчки и модерни мелодии подготвува младинскиот хор од Солун за настапот во Скопје следната сабота, што воедно ќе биде нивно прво претставување кај нас, а советникот по музичко образование во источен Солун, Андонис Константинидис открива дека на концертот ќе присуствуваат и деца од Кочани.

Концертот насловен „Wandering Echoes“ ќе се одржи на 15 ноември во малата сала на Македонската филхармонија, а хорот на Музичкото училиште во Солун ќе настапи со разновидна програма што ќе вклучува широк спектар на песни, од традиционална до модерна музика.

Солунскиот хор, диригиран од Ангелики Крисила го сочинуваат 39 девојчиња од средни училишта, а Константинидис, кој е надлежен за проектот, открива дека концертот во Скопје ќе има и уште една симболична и емотивна димензија.

Реклама

– Поканети ќе бидат и десет деца од Кочани кои ќе се запознаат со децата од хорот, тие ќе бидат наши гости и им подготвуваме и мало изненадување. Ќе го следат концертот, планирано е дружење и заеднички ручек. Ова ќе биде во чест и спомена на сите што ги загубија животите дали во Кочани или на кое било друго место каде што се случила таква трагедија, вели Константинидис.

Хорот на Солунското музичко училиште е еден од најдобрите, со низа успеси, но и планирани концерти, настапи во иднина.

– Хорот има долгогодишна традиција и е признаен за успесите. Во минатото има одржано голем број концерти во големи концертни сали. На овој начин се обидуваме да изградиме мост на соработка со соседната земја врз основа на културата и хуманизмот, вели Константинидис.

Концертот во Скопје е на покана на Грчката амбасада и во соработка со Солунскиот државен симфониски оркестар во рамките на програмата балканска соработка и општата екстровертност на оркестарот.

Влезот за концертот е слободен, но потребна е претходна регистрација на линкот: https://forms.gle/eJmVgVnydVcmxdxk8.