Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Андоновска: СДСM под контрола на Заев и Филипче ја уништија партијата, време е за вистинска опозиција

По катастрофалните резултати од изборите, повеќе нема дилеми дека СДСM е во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По катастрофалните резултати од изборите, повеќе нема дилеми дека СДСM е во целосен пад. Трета партија во државата и петта во Скопје. Ова не е случаен резултат.

Ова е директна последица на раководството на СДСM и Венко Филипче, кој очигледно и натаму работи под диригентската палка на Зоран Заев, изјави денеска Викторија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција.

Филипче, наместо да ја реформира СДСM, ја претвори партијата во негов приватен проект под влијание на Заев. Народот го препозна тоа и ги казни. Со само шест освоени општини, едвај 126 илјади гласови и околу 230 советници, СДСM го доживеа најголемиот изборен пораз во својата историја.

Реклама

И по овие резултати, во СДСM нема ниту реформи, ниту одговорност. Само лажни искази дека ја примиле пораката и дека ќе има промени. Затоа, време е СДСM да се соочи со вистината дека Филипче мора да си замине, партијата мора конечно да се дистанцира од Зоран Заев и да направи вистински реформи.

Македонија и ВМРО-ДПМНЕ мора да имаат опозиција која ќе биде конструктивна, одговорна и ќе придонесува за државата, а не арогантна и деструктивна партија која мисли само на личните интереси.