Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесностЛУЧНИ ИЗБОРИ ВО СРБИЈА  – ГОЛЕМА ИЗЛЕЗНОСТ, КРАЈНА НЕИЗВЕСНОСТ

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонија

Винскиот музеј Кавадарци презентиран на меѓународен саем во Италија 

Винскиот музеј Кавадарци изминативе денови беше презентиран на меѓународен саем во Италија,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Винскиот музеј Кавадарци изминативе денови беше презентиран на меѓународен саем во Италија, настан под покровителство на УНЕСКО и Светската туристичка организација, информираа попладнево од Музејот.

– Ние годинава бевме дел од традиционалното учество на нашата држава на Медитеранската берза за археолошки туризам во Пестум. Пред многубројните посетители ги претставивме тиквешкото богато културно наследство,  лозаровинарската традиција во најголемиот регион за грозје и вино, како белег низ времето на нашиот крај, вели директорката на Музејот, Елизабета Ристова. 

Ристова подвлече дека посетителите биле воодушевени од македонските вина и ракии, ајварот и маџунот, традиционалната тиквешка ,,наутлија” како и слаткото од тиква, во тиквешко познато како р’чели. 

Реклама

Таа се заблагодари на Управата за заштита на културното наследство и директорката Весела Честоева, за можноста Вински музеј да се претстави на овој саем, единствен од ваков вид во светот.