Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Алиу: Со заеднички заложби до проактивен здравствен систем, во тек се бројни проекти за зајакнување на капацитетите во здравството

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска се обрати на четвртата годишна конференција…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска се обрати на четвртата годишна конференција за здравство во организација на Американската стопанска комора АмЧам, која годинава е посветена на темата „Моќта на навремената акција за здравствен систем што испорачува“, се наведува во соопштението на Министерството за здравство.

Во своето обраќање министерот Алиу се осврна на повеќе тековни проекти за зајакнување и унапредување на капацитетите во јавното здравство. Во рамки на панел дискусијата со претставници од институциите, бизнис секторот и пациентските организации се разговараше како од реактивен да се премине кон проактивен здравствен систем.

-Дијагнозата за нашиот систем е недостиг на основни податоци, нејасно дефинирани временски процеси и краткорочни приоритети. Затоа, почнавме со изработка на десетгодишна национална стратегија за човечки капацитети, која ќе биде независна од дневната политика. Дополнително во партнерство со Медицински факултет при УКИМ и факултетите за медицински науки во Тетово и Штип, ги стартувавме реформите на специјализациите и супспецијализациите со кои ќе се опфати редефинирање на гранки, скратување на дел од програмите и зајакнување на пошироките специјализации – интерна медицина и општа хирургија – за усогласување со реалните потреби на системот, посочи министерот Алиу.

Реклама

Тој го истакна и зајакнувањето на примарното здравство и превенцијата, со нови вработувања и постапка за набавка на 100 возила за итна медицинска помош, како и надградбата на дигиталната поддршка за пациентите преку ,,МојТермин”, „Мое Здравје“ и подготовка на национални мрежи за радиологија и телемедицина. Посочи дека е во тек дигиталната трансформација и воведени се нови модули во „МојТермин“ за евиденција на прегледи од областа на медицина на трудот и систем за евиденција и управување со барањата за листата на лекови, со која првпат се почнува со дигитализација на постапката за ставање нов лек на позитивна листа.

-Работиме на регионално планирање кадар и ресурси и на децентрализација на онколошката грижа во ГОБ „8 Септември“, Тетово и Битола, а во Гостивар веќе е ставена во функција нова хируршка сала за ортопедија и трауматологија. Од првиот ден воведов отворен кабинет и контакт-форма за директен дијалог со граѓаните, а во тек се консултации за пакет измени и дополнувања на 12 закони за поквалитетни и подостапни услуги. Нашата цел е јасна и споделена – тоа е здравство што навреме испорачува квалитетни услуги, со пациентот во центарот, заклучи министерот Алиу.