Реклама

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Македонија

Уште фалат лекови за онколошките пациенти, бирократијата во набавката ќе се решава со законски измени

Пари има, лекови нема. Бирократските процедури повторно проблем за набавката на онколошки…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пари има, лекови нема. Бирократските процедури повторно проблем за набавката на онколошки терапии за болните од рак. Здруженијата на пациентите алармираат дека се уште фалат и некои прилично евтини лекови и бараат надлежните да најдат начин како тие секогаш да им бидат достапни на пациентите.

Здравствените власти со законски измени ќе го решаваат проблемот, според министерот Алиу потребна е итна пормена во системот за набавка на онколошката терапија. И пациентите се со исто мислење, во набавката не се проблем финансиите туку тендерските процедури. Затоа што рекордниот годишен буџет од 39 милиони евра за Клиниката за онкологија е доволен да ги покрие сите трошоци на болните.

„Дистрибутерите не аплицираат на тендери, има проблем со цените кои ги нудат. Може е решение овие набавки да почнат да се прават на две, три или петгодишно ниво за оние лекови за кои се дозволува и кои имаат доволен рок. Но, мора да се промени нешто во начинот на којшто се прават тендерите и на кој аплицираат компаниите“, изјави Ана Марјановиќ – претседател на здружението „Хема-онко“.

Реклама

Болните од рак се почесто се соочуваат и со недостиг на тумор-маркери. Министерот за здравство вели дека нема простор за паника, ова испитување пациентите можат да го направат и на други клиники односно на Клиниката за биохемија. Решението за надминување на овие предизвици го гледа во измени на законот.

За жал, исто така заради законски пречки знаете дека ако една процедура задоцни, вие законски не смеете да отворите друга или да убрзате. И затоа еден од законите во овие 12 закони што ги менуваме и адаптираме, едно од прашањето коешто ќе го решиме е буквално ова. Јас најавив пред неколку месеци дека ќе разгледуваме, постапките да почнуваат не три, туку шест месеци пред истекот на процесот, се со цел да имаме време да најдеме дополнително ако ни треба реотворање на постапката, за да не стигнеме до вакви моменти кога заради административните процедури, пациентите ќе чекаат лековипојасни Алиу.

Реганесите за  анализи за тумор маркери се клучни во следењето на терапијата и контролата на болеста, а нивното отсуство предизвикува голема неизвесност кај пациентите болни од канцер.