Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Конститутивна седница на Совет на Општина Кавадарци

Совет на Општината Кавадарци денеска одржа конститутивна седница. Седницата ја отвори и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Совет на Општината Кавадарци денеска одржа конститутивна седница. Седницата ја отвори и со неа претседаваше, највозрасниот советник, Јован Златевски. Тој посака успешна работа на новоизбраните градоначалник и Совет, по локалните избори. 

– Проектите што ги предлагаме треба да бидат проценувани не според тоа кој советник ги предлага, туку според нивната вредност и корисност за нашите сограѓани. Без разлика од која политичка опција доаѓаат идеите, тие мораат да бидат разгледувани објективно и со отворени очи. Ако проектот е во интерес на општината и ќе донесе бенефит за заедницата, тогаш треба да биде поддржан од сите нас, без разлика на личните разлики, подвлече Златевски. 

На седницата беа верифицирани мандатите на 19 советници кои потпишаа свечени изјави. За претседател на Советот повторно како и во изминатите четири години, беше избран Стојанче Рамов, со мнозинство гласови. Рамов се заблагодари и рече дека ќе работи во интерес на сите. 

Реклама

–  Функцијата претседател на Совет ја разбирам како можност да придонесам за развој и посветла иднина и просперитет на нашата Општина како и подобар живот за сите граѓани без разлика на политичка, верска, национална и било каква друга определба. Со целиот свој капацитет и интегритет ќе работам да нема наметнување на волјата на мнозинството над малцинството во Советот на Општина Кавадарци, рече Рамов. 

Во Советот на Општината, 12 советници се од ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата, по двајца од СДСМ и коалицијата и Левица, еден од ЗНАМ и двајца независни советници, Ристо Сакалиев и Јован Златевски.